Showing posts with label resistance. Show all posts
Showing posts with label resistance. Show all posts

Петар Кропоткин - Апел до младите (3 дел); За идните адвокат(к)и, учител(к)и и инженер(к)и



Доколку не сте го прочитале вториот дел од Апел до младите, тоа можете да го сторите на следниов линк.
Во продолжение е третиот дел од памфлетот:

Ако си завршил со читањето на законот и штотуку треба да добиеш право на адвокатура, можеби ти, исто така, имаш илузии за твојата идна професија - претпоставувам дека си еден од оние благородни души, дека знаеш што алтруизмот значи. Можеби си велиш, "Да го посветам мојот живот на непрекината и силна борба против сите неправди! Да го употребам сето мое знаење за да го овозможам триумфот на правото, на јавното мислење како највисока правда - може ли некоја друга професија да биде поблагородна?" Почнуваш вистинска работа во животот сигурен во себе си и во професијата која си ја одбрал.
Добро: ајде да прочитаме една страна од Репортажите на Законот и да видиме што вистинскиот живот ќе ти каже.
Нека имаме еден богат земјопоседувач; тој бара истерување на потстанар на колиба кој не ја платил киријата. Од правен аспект случајот е неспорен; поради тоа што сиромавиот фармер не може да плати, тој мора да си замине. Но, ако ги погледнеме фактите ќе заклучиме нешто вакво: Земјопоседникот ја трошел неговата кирија постојано барајќи задоволство; потстанарот работел напорно по цел ден и секој ден. Земјопоседникот не направил ништо за да го подобри својот имот. Сепак, цената на земјата се утростручила, за период од педесет години, заради изградба на железничка пруга, поради изградба на нови патишта, заради исушување на мочуриште, заради оградување и култивација на неплодното земјиште. Но, потстанарот, кој многу допринел за ова зголемување, се уништил себе си; тој паднал во рацете на лихварите, и, до уши во долгови, тој не може повеќе да му плаќа на земјопоседникот. Законот, секогаш на страната на сопственоста, е дециден: земјопоседникот е во право. Но, ти, кај кого чувството за правда не е сè уште задушено од легалните фикции, што ќе сториш? Дали ќе го поддржиш ставот дека фармерот треба да биде исфрлен надвор на улица? - поради тоа што законот така налага - или ќе предупредиш дека земјопоседникот треба да му го плати на фармерот целото зголемување на вредноста на неговиот имот кое се должи на работата на фармерот? - тоа е она што праведноста го бара. Која страна ќе ја одбереш? На законот, а против правдата, или на правдата, а против законот?
Или кога работникот излегол да штрајкува против господарот без претходна најава, на која страна ќе застанеш тогаш? На страната на законот, која е всушност страната на господарот кој, искористувајќи ја предноста на кризните периоди, направил огромен профит? Или против законот, а на страната на работниците кои примале цело време плата од само 2 шилинзи дневно како надница, гледајќи ги нивните жени и деца како овенуваат пред нивните очи? Дали ќе застанеш зад тоа парче интриганство кое се состои во тврдењето дека постои "слобода на договорање"? Или ќе ја задржиш правичноста, спрема која договорот направен помеѓу човек кој што ручал добро и човек кој што го продава својот труд за гола егзистенција, помеѓу силниот и слабиот, не е договор воопшто?
Да земеме друг случај. Овде, во Лондон, човек безделничел покрај една месарница. Тој украл бифтек и избегал со него. При неговото апсење и испрашување, се покажало дека е тој занаетчија без работа, и дека неговата фамилија четири дена немала ништо за јадење. Месарот е замолен да го ослободи човекот, но тој е само заинтересиран за победа на правдата! Тој тужи, и човекот е осуден на шест месеци во затвор. Слепата Терезија покажува така! Дали твојата совест нема да се побуни против законот и против општеството кога слушаш вакви слични пресуди секој ден?
Или повторно, дали ќе ја спротивставиш силата на законот против овој човек кој, бил лошо одгледан и злоставуван од неговото детство, кој се нашол на туѓ имот и никогаш не слушнал ниту еден добар збор, и кој го завршува својот живот убивајќи го својот сосед за да му украде шилинг? Дали ќе бараш негова егзекуција - или уште полошо - затвор од дваесет години, кога знаеш многу добро дека тој е повеќе лудак отколку што е убиец, и во секој случај, дека за неговото злодело е виновно целото општество?
Дали ќе тврдиш дека овие ткајачи треба да бидат фрлени во затвор заради тоа што во момент на очај ја запалиле фабриката; дека овој човек кој пукал на крунисан убиец треба да биде доживотно затворен; дека овие бунтовници кои го закачиле знамето на иднината на барикадите треба да бидат убиени? Не, илјада пати не!
Ако размислуваш наместо да го повторуваш она што си го научил; ако го анализираш законот и ги симнеш матните фикции во кои е завиткан со цел да ги прикрие своето вистинско начело, што е правото на посилниот, и содржината, која отсекогаш била причина за сите тирании кои се истуриле врз човештвото низ неговата долга и крвава историја; кога ќе го разбереш ова, твојот презир кон законот ќе биде навистина длабок. Ќе разбереш дека да бидеш слуга на пишаниот закон значи да се поставиш себе си во опозиција со законот на совеста, и да тргуваш на погрешна страна; и, поради тоа што оваа борба не може да трае вечно, или ќе ја замолчиш својата совест и ќе станеш подлец, или ќе расчистиш со традицијата, и ќе работиш со нас на целосното уништување на сите неправди, економски, социјални и политички.
Но, тогаш ќе бидеш Социјалист, ќе бидеш Револуционер.

А ти, млад инжењеру, ти кој сонуваш за подобрување на условите на многуте работни места со примена на науката во индустријата - колку тажно разочарување, колкаво самозалажување те чека! Ја даваш корисната енергија на твојот ум за изработка на шема на железничка пруга која, врвејќи по врвовите на бездните и копајќи низ срцето на планините од гранит, ќе спои две земји кои природата ги разделила. Но, кога ќе почне да се работи на неа, ќе видиш цели полкови од работници исцрпени од немаштија и болести во овој темен тунел - ќе видиш друг дел од нив како се враќа дома носејќи, можеби, по неколку пенија, и несомнено, зачетоци на туберкулоза; ќе видиш човечки лешеви - резултат на подмолната алчност - како гранични-белези на секој јард од твојот пат; и, кога железничката пруга ќе се заврши, ќе видиш, на крајот, дека станала пат за артилеријата на окупаторска армија...
Си го потрошил поголемиот дел од твојата младост усовршувајќи пронајдок кој ќе го олесни производството и, после многу експерименти, многу непроспиени ноќи, ти си на крајот сопственик на ова значајно откритие. Го употребуваш и резултатите ги надминуваат твоите очекувања. Десет, дваесет илјади "раце" се исфрлени на улица! Тие кои остануваат, повеќето од нив деца, се претворени во обични машини! Три, четири, десет господари ќе се збогатуваат и ќе го искористуваат сето тоа... Дали е ова твојот сон?
Конечно, изучувајќи ги последните индустриски пронајдоци, сфаќаш дека изумот шивачка машина не им донел на шивачките никаква, ама баш никаква, корист; дека работникот во тунелот во Ст. Готхард умира од анкилозис, а не - борејќи се со дупчалката за дијаманти; дека слободниот ѕидар и наемниот работник се без работа, како и порано, во време на повишиците на Гиффард. Ако ги разгледуваш социјалните проблеми со истата независност на духот која те водела и низ твоите механички истражувања, ти неминовно ќе заклучиш дека поради ваквата доминација на приватната сопственост и надничарското робување, секој нов пронајдок го прави неговото робување уште потешко, неговата работа уште повеќе деградирачка, ги зачестува периодите на без-работица, ги заострува кризите, и дека луѓето кои веќе го имаат секое замисливо задоволство се единствените кои профитираат од тоа.
Што ќе сториш кога веќе еднаш си стигнал до овој заклучок? Или ќе започнеш со замолчување на сопствената совест со софизми; тогаш, еден убав ден, ќе се простиш од своите искрени младешки соништа и ќе се обидеш да го добиеш, за себе си, она што задоволството и уживањето го бараат - и тогаш ќе преминеш во кампот на експлоататорите. Или, ако имаш нежно срце, ќе си речеш себе си: "Не, ове не е време за пронајдоци. Да работиме најпрво на трансформација на основите на производството. Кога приватната сопственост ќе ја снема, тогаш секој нов пронајдок во индустријата ќе биде направен за да му користи на целото човештво; и оваа маса од работници, кои што денес се обични машини, тогаш ќе станат суштества кои размислуваат и кои ја применуваат својата интелегенција во производството, засилени од учењето и искусни во мануелната работа, и таквиот механички развој ќе овозможи, за педесет години, таков напредок за кој денес можеме само да сонуваме."

И што би можел да му речам на учителот - не на учителот кој на својата професија гледа како на досаден бизнис, туку на оној кој, кога е опкружен од весела група на млади краставички, се чувствува расположен заради нивните ведри лица, меѓу нивната безгрижна смеа - на оној кој се обидува во нивните мали глави да ги всади идеите на хуманоста кои тој самиот ги научил додека бил млад?
Често забележувам дека си тажен, и знам што е тоа што те онерасположува. Токму овој ден, твојот омилен ученик кој, навистина, не е којзнае колку добар по Латински, но кој има навистина прекрасно срце, со толку многу енергија ја рецитираше приказната за Вилијам Тел! Неговите очи сјаеа; тој како да сакаше да ги избоде сите тирани, таму и тогаш; тој со толкав жар ги кажа страствените редови на Шилер:


Before the slave when he breaks his chain
Before the free man tremble not.

Но, кога се врати дома, неговата мајка, неговиот татко, неговиот вујко остро го прекорија, убедувајќи го дека треба да го почитува министерот или околискиот полицаец; понатаму му зборуваа за "мудроста, почитувањето на авторитетите, покорувањето за сопствена корист," сé до часот кога го остави Шилер настрана и почна да чита "Заемна помош".
И тукушто, пред некој ден, ти беше кажано дека твоите најдобри ученици се покажале како лоши. Едниот цело време сонува да стане офицер; другиот, заедно со својот господар, им краде на работниците од нивните мали дневници; а ти, кој размислуваш за тажниот контраст помеѓу твоите идеали, и животот каков што е.
Ти сé уште размислуваш за тоа! И тогаш, предвидувам дека за две години, на крајот, откако ќе  доживееш разочарување по разочарување, ќе ги оставиш твоите омилени автори на полицата, и ќе завршиш велејќи дека Тел бил недвосмислено многу искрен човек, но и покрај сé неговата игра завршила; дека поезијата е најважна работа за интимата, посебно за човек кој по цели денови предавал за трите-правила, меѓутоа поетите се секогаш во облаците и нивните погледи немаат ништо заедничко со животот денес, ниту пак со следната посета на Инспекторот на Училиштата...
Или пак, од друга страна, соновите од твојата младост ќе станат цврсти убедувања на твоето зрело доба. Ќе посакаш да има широка, хумана едукација за сите, во училиштето и надвор од училиштето; и разбирајќи дека ова е невозможно во постоечките услови, ќе ги нападнеш самите основи на буржујското општество. Тогаш, заради тоа што ќе бидеш отпуштен од Катедрата за Образование, ќе го напуштиш училиштето и ќе дојдеш меѓу нас и ќе бидеш еден од нас; ќе им кажуваш на луѓето во поодминати години, но со помали знаења отколку тебе, колку е привлечна науката, што човештвото мора да биде - односно, што можеме ние да бидеме. Ќе дојдеш и ќе работиш со Социјалистите за целосна трансформација на постоечкиот систем, рамо до рамо ќе се бориш со нас за постигнување на вистинска еднаквост, вистинско братство, за трајна слобода во светот.

И на крај, ти, млад уметнику, скулптору, сликару, поету, музичару, не забележуваш ли дека светиот оган кој ги инспирирал твоите претходници недостасува во денешниот човек? дека уметноста е површна и дека осредноста е нејзин врховен владетел?
Можно ли е да биде поинаку? Задоволството на повторно откривање на стариот свет, на повторно капење во изворите на природата, кои ги создадоа ремек-делата на Ренесансата, повеќе не постои за уметноста на нашето време; без револуционерен идеал таа беше студена - сè досега, и немајќи идеал, нашите помодни уметници го пронајдоа во реалноста кога болно ја фотографираат, во боја, капката роса на листот од некое растение, ги имитираат мускулите од ногата на крава, или кога ја опишуваат прозаично и во детали одвратната нечистотија на некој шивач, тоалетата на некоја скапа курва.
"Но, ако е ова вака, што треба да се направи?" велиш. А јас ти одговарам, ако светиот оган кој тврдиш дека го поседуваш е обичен фитиљ кој тлее, тогаш ќе продолжиш да го правиш тоа што и досега си го правел, и твојата уметност забрзано ќе се деградира во декорирање на продавниците на трговците, во составување на либрета за третокласни оперети, и приказни за Божиќните Празници - повеќето од вас веќе пропаѓате на овај начин...
Но, ако твоето срце навистина чука заедно со она на хуманоста, ако имаш слух за Животот како вистински поет, тогаш газејќи низ ова море од тага чии бранови плискаат околу тебе, лице во лице со овие луѓе кои умираат од глад, во присуство на овие натрупани лешеви во рудниците, и овие осакатени тела кои лежат во купови на барикадите, гледајќи ги овие долги редови на бегалци кои ќе изумрат во снеговите на Сибир и марширајќи по тропските острови; потполно разбирајќи ја оваа очајничка борба која се води, помеѓу болниот плач на поразените и оргиите на победниците, хероизмот во конфликт со кукавичлукот, чесната посветеност лице во лице со привлечната лукавост ти не можеш да останеш неутрален; ти ќе пријдеш и ќе ја прифатиш страната на угнетените, заради тоа што знаеш дека убавината, возвишеноста, духот на самиот живот се на страната на оние кои се борат за светлината, за човештвото, за правдата!
Ме запираш конечно!

Продолжува...
(Доколку сакате да го видите целиот текст, можете да го најдете на следниот линк.)

Петар Кропоткин - Апел до младите (2 дел); За науката и идните научници

Доколку не сте го прочитале првиот дел од Апел до младите, тоа можете да го сторите на следниов линк.
Во продолжение е вториот дел од памфлетот:

Но, можеби ќе речеш:"Едноставно, практичниот бизнис нека оди по ѓаволите! Ќе се посветам себеси на чиста наука: ќе бидам астроном, физичар, хемичар. Таквата работа секогаш носи плодови, барем за идните генерации."
Ајде прво да разбереме што бараш од посветувањето на науката. Дали е тоа само задоволството - без сомнение огромно - кое го добиваме од изучувањето на природата и вежбањето на нашите интелектуални способности? Во тој случај те прашувам - како филозофот, кој ја изучува науката за да си го помине животот удобно, се разликува од еден пијаница, кој што бара само моментално задоволство, кое џинот му го овозможува? Филозофот, во секој случај, го одбрал своето уживање помудро, заради тоа што му овозможува задоволство далеку подлабоко и потрајно отколку на оној погоре. Но, тоа е сè! И двајцата имаат иста крајна цел, лична сатисфакција.
Но, не, ти немаш желба да водиш ваков себичен живот. Работејќи на науката ти сакаш да работиш за хуманоста, и тоа е идејата која ќе те води низ твоите истражувања.
Прекрасна илузија! Кој од нас не ја прегрнал за момент кога за прв пат се давал себеси на науката?
Но, сепак, ако навистина размислуваш за хуманоста, ако сакаш да работиш за доброто на човечкиот род со твоите изучувања, тешко прашање ќе се појави пред тебе; заради тоа што, и колку малку критички дух да имаш во себе, мора веднаш да забележиш дека во нашето општество науката е само додаток на луксузот, која служи да го направи животот поудобен за неколкумина, но останува апсолутно недостижна за најголемиот дел од човештвото.
Помина повеќе од еден век откако науката ги огласи, да речеме претпоставките за почетокот на универзумот, но колкумина ги совладале или колкумина го поседуваат вистинскиот научен критички дух? Неколку илјади таму надвор, кои се изгубени меѓу стотици милиони сè уште затворени во предрасуди и празноверија карактеристични за дивјаците, кои, како последица, се секогаш спремни да послужат како марионети за религиските измамници.
Или, ако одиме чекор понапред, ајде да расветлиме што науката направила за да воспостави рационални основи за одржување на физичкото и моралното здравје. Науката ни кажува како треба да живееме за да го зачуваме здравјето на нашите сопствени тела, како да се одржи во добра егзистенцијална состојба масата народ на нашата популација. Но, таа залудно потрошена работа, направена во овие две насоки, не останува ли само мртов збор во нашите книги? Ние знаеме дека е тоа така. А зошто? Заради тоа што науката денес егзистира само заради една рака привилегирани личности, заради тоа што социјалната неправда, која го дели општеството на две класи - робови - надничари и приграбувачи на капиталот, ги создава сите свои учења како услови за рационална егзистенција, но тоа е само горчлива иронија на деветтиот - десеттиот дел на човештвото.
Можам да изнесам уште многу вакви примери, но накратко: само излези од Фаустовото сопче, чии прозорци, затемнети од прашината, едвај ја пропуштаат светлината на рајското светкање на неговите полици полни со книги; погледни наоколу, и на секој чекор ќе пронајдеш свеж доказ како поткрепа на овој став.
Не е повеќе прашање акумулирањето на научните вистини и откритија. Потребно е, пред сé, да ги рашириме тие вистини, веќе докажани од науката, да ги направиме дел од нашиот секојдневен живот, да ги направиме заедничко добро. Мораме да ги подредиме работите така што сите, целото човештво, ќе може да ги разбира и применува; мораме да направиме науката да не биде луксуз, туку основа на секој човечки живот. Тоа е она што правдата го бара.
Ќе одам подалеку: тврдам дека интересите и на самата наука се движат во таа насока. Науката може навистина да прогресира само ако новата вистина би нашла почва веќе подготвена да ја прими. Теоријата за механичката основа на топлината, иако објавена во минатиот век со истите постановки на кои Хирн и Цлаусиус ја формулираа денес, останала осумдесет години закопана во академските записи сè до времето кога знаењето на физиката се раширило доволно за да создаде публика способна да ја прифати. Три генерации требало да поминат пред идеите на
Ерасмус Дарњин, за варијациите на видовите, да бидат примени од неговиот внук и признаени од академските филозофи, и дури тогаш не без притисок од јавноста. Филозофот, како и поетот или уметникот, е секогаш производ на општеството во кое работи и подучува.
Но, ако си заразен со овие идеи, ќе разбереш дека, пред сè, најважно е да се направи радикална промена во ваквата состојба на работите која го осудува филозофот да биде натрупан со научни вистини, додека остатокот од скоро сите човечки суштества останува на ниво на кое биле пред пет, десет века - што би значело, во состојба на робови и машини, неспособни да ги совладаат докажаните вистини. И денот кога ќе се заразиш со широката, длабоката, хуманата и темелната научна вистина, тој ден ќе го изгубиш вкусот за чистата наука. Ќе почнеш да работиш на откривање на средствата за спроведување на оваа трансформација, и ако во твоите истражувања ја вклучиш непристрасноста која те водела низ твоите научни истражувања, тогаш ти неминовно ќе се адаптираш на каузата на Социјализмот; ќе престанеш со софизмот и ќе се најдеш меѓу нас. Уморен од работење заради обезбедување на задоволства за оваа мала група, која веќе има огромен дел од нив, ти ќе ги ставиш твоите информации и пожртвуваноста во служба на угнетените.
И биди сигурен дека, меѓу чувството на исполнета обврска и на постигнато вистинско усогласување меѓу твоите сентименти и твоето дејствување, тогаш ќе пронајдеш такви сили во себе за чие постоење не си ни сонувал. Кога, исто така, еден ден - кој не е многу далеку во секој случај, задржувајќи го присуството на нашите професори - кога еден ден, јас тврдам, промената за која работиш ќе биде постигната, тогаш, заради создадените нови сили од колективната научна работа, и заради големата помош од армиите трудбеници кои ќе дојдат и ќе ги дадат своите сили за неа, науката ќе ја премести нејзината граница понапред, во споредба на што бавниот прогрес денес ќе изгледа како обична вежба.
Тогаш ќе уживаш во науката; тоа задоволство ќе биде задоволство за сите.




Продолжува...
(Доколку сакате да го видите третиот дел, можете да го најдете на следниот линк, а целиот текст на овој линк.)

Петар Кропоткин - Апел до Младите (1 дел); За медицината, идните доктор(к)и и медицински сестри

Слободен индекс:
Kолку и да е пишан текстов одамна, колку и да не важат дел од работите и примерите кои се кажани, сепак главната идеја останува иста. Наука без општествено активирање, или па залагање за подобро утре, а притоа да не се прави ништо во однос на моменталните меѓучовечки односи е едноставно залудно потрошено време, зошто на крајот на денот, идејата за која што сме се залагале ќе биде тотално деформирана од оние луѓе кои имаат моќ, а не се замараат ни два посто за она што луѓето го прават или го сакаат. Текстот е во продолжение.

"Петар Кропоткин... беше признаен од пријателите и непријателите како еден од најголемите умови на деветнаесеттиот век... Луцидноста и брилијантноста на неговиот ум комбинирани со неговото топло срце во една хармонична целина на фасцинатна и грациозна личност." - Ема Голдман


Сакам да се обратам до младите денес. Нека старите - мислам секако, старите во срцето и мислите - го остават памфлетот, без да си ги заморуваат очите читајќи нешто што ништо нема да им каже.
Претпоставувам дека имаш околу осумнаесет или дваесет години; дека си го завршил учењето или студиите; дека само што влегуваш во животот. Ја земам како факт претпоставката дека имаш ум ослободен од празноверијата кои твоите професори се труделе да ти ги наметнат; дека не се плашиш од ѓаволот, и дека не одиш да ги слушаш празните говори на најразличните луѓе и министрите. Уште повеќе, дека не си некој од контињата, тажни продукти на општеството во распаѓање, кои ги покажуваат нивните убаво скроени пантолони и нивните мајмунски лица во паркот, и кои уште на нивната рана возраст имаат само незаситна желба за задоволство по секоја цена... Претпоставувам, спротивно, дека имаш топло срце, и заради оваа причина и ти зборувам.
Првото прашање, знам, ти се појавува - често пати се имаш запрашано: "Што ќе бидам јас?" Всушност, кога човек е млад тој разбира дека откако изучувал занает или некоја наука неколку години - на трошок на општеството, како ознака- тој не го сторил тоа за да ги користи своите способности како инструменти за пљачкање за сопствена корист, и мора да биде навистина одземен и смртно ранет од порокот за кој не ни сонувал, дека еден ден ќе ја употреби неговата интелегенција, неговите способности, неговото знаење за да ги огласи оние кои денес ползат во беда и незнаење.
Ти си еден од оние кои имаат таква визија, нели? Добро, да видиме што мораш да сториш за да го претвориш твојот сон во реалност.
Не знам во која класа си роден. Можеби, по игра на случајот, си го насочил своето внимание кон изучување на наука; ќе бидеш доктор, адвокат, човек на зборовите, или научник; широко поле се отвара пред тебе; влегуваш во животот со екстензивно знаење, со истренирана интелегенција. Или, од друга страна, ти си можеби само чесен занаетчија чие познавање на науката е ограничено на она малку што си го научил на училиште; но ти си ја имал предноста да научиш од прва рака, што исцрпувачката тешка работа е за работникот во нашево време.
Застанувам на првата претпоставка, за да се вратам потоа на втората; претпоставувам, значи,  дека си стекнал научна едукација. Да претпоставиме дека имаш намера да станеш - доктор. Утре човек во партали ќе дојде за да те однесе да прегледаш болна жена. Ќе те води низ една од оние улички каде што соседите, отспротива еден на друг, можат скоро да се поздрават над главите на минувачите; влегуваш во смрдлива атмосфера, под трепкавата светлина на една мала неуредно поставена сијалица; качуваш две, три, четири, пет скалила по валканите скали, и во темна, ладна соба ја најдуваш болната жена која лежи на сламник, покриен со валкани прекривки. Слаби, мртво бледи деца, тресејќи се под нивните оскудни облеки, зјапаат во тебе со нивните големи очи широко отворени. Мажот работел целиот живот по дванаесет или тринаесет часови дневно за, колку и да било пари; сега останал без работа три месеци. Да се биде незапослен не е ретко во неговата професија; се случува секоја година, периодично. Но, често, кога тој ќе останел без работа, неговата жена работела како надничарка - можеби да ги испере твоите кошули - за заработка од петнаесет пени на ден; сега е врзана за креветот два месеци, и бедата се надвиснува над семејството, во целата нејзина валкана одвратност.

Што ќе препишеш за болната жена, докторе - ти, кој веднаш си увидел дека причината за нејзината болест е генерална анемија, потреба за добра храна, недостаток од свеж воздух? Кажи, добар бифтек секој ден? Малку вежба во природа? Сува и добро вентилирана спална? Каква иронија! Ако можела да си го дозволи тоа ќе било сторено уште одамна, без чекање на твојот совет.
Ако имаш добро срце, отворен пристап, чесно лице фамилијата ќе ти каже многу работи. Ќе ти кажат дека жената од другата страна на преградата, која кашла со кашлица која ти го распарува срцето, е сиромашна пеглачка; дека неколку скалила подолу сите деца имаат треска; дека перачката која го окупира приземјето нема да доживее да ја види пролетта; и дека во соседната куќа работите се уште и полоши.
Што ќе им кажеш на сите овие болни луѓе? Ќе им препорачаш дарежлива диета, промена на воздухот, помалку исцрпувачка работа... Посакуваш да можеш, но не се осудуваш и заминуваш со скршено срце, со клетва на усните.
Следниот ден, додека сè уште размислуваш за судбината на жителите на оваа куќарка за кучиња, твојот партнер ти кажува дека вчера наминал некој слуга да го повика, овој пат во кочија. Требало да посети некоја убава куќа, и да ја прегледа дамата измачена од непроспиени ноќи, која го посветувала целиот свој живот на облекување, посети, балови, на караници со својот глупав маж. Твојот пријател ѝ препишал помалку неразумен начин на живот, помалку топла диета, прошетки на свеж воздух, урамнотежен темперамент и за да ја надополни потребата од корисна работа, малку гимнастички вежби во нејзината спална соба.
Едната умира заради тоа што никогаш немала доволно храна ниту доволно одмор целиот нејзин живот; другата гине заради тоа што никогаш не знаела што е работа откога била родена.
Ако си од оние мизерни карактери кои се приспособуваат себе си на сè, кои од глетката на најреволтирачките настани се консолидираат себе си со нежна воздишка и со чаша шери, тогаш постепено ќе се навикнеш на овие контрасти, и на природата на ѕверот кој ги опслужува твоите настојувања, и твојата единствена идеја ќе биде да се издигнеш себе си до рангот на трагачите по задоволства, за да не можеш никогаш повторно да се најдеш меѓу бедниците. Но, ако си Човек, ако секој сентимент е претворен, во твојот случај, во акција на волјата; ако, во тебе, ѕверот не го скршил интелегентното суштество, тогаш еден ден ќе се вратиш дома, велејќи си: "Не, ова е неправедно; ова не смее да трае подолго. Не е доволно да се лечат болестите; мораме да ги спречиме. Малку подобар живот и интелектуален развој би ги намалил нашите листи, би ги преполовил пациентите и би ги преполовил болестите. Фрли им ја физиката на кучињата! Воздух, добра диета, помалку исцрпувачка работа - така мора да почнеме. Без ова, целата докторска професија е ништо друго освен илузија и измама."
Тој ист ден ќе го разбереш Социјализмот. Ќе посакаш да го запознаеш потполно, и ако алтруизмот не е збор лишен од важност за тебе, ако кон изучувањето на социјалното прашање ја примениш ригидната индукција на природен филозоф, ќе завршиш најдувајќи се себе си во нашиот ранг, и ќе работиш како што и ние работиме, за да ја реализираме Социјалната Револуција.


Продолжува...
(Доколку сакате да го видите вториот дел, можете да го најдете на следниот линк, а целиот текст на овој линк.)

Илузијата за Европска Унија

Приватизацијата на јавното образование и на јавните добра воопшто, која се јави како тенденција во последнава деценија, е во тесна врска со долгорочните политики на Европската Унија, кои им ги наметнува на нејзините членки и кандидатки, вклучувајќи ја и Македонија.



Без никаков критички пристап, во дневно-политичките разговори и во медиумите агресивно ни се сервира нужната потреба за влез во Унијата како единствена алтернатива. Владите низ целиот Балкан ги тресе грозница од секој негативен европски извештај и ги преземаат сите можни мерки за да се приспособат на европските регулативи. Влез во Унијата – тоа е императив, а не опција. Граѓаните под влијание на масовната пропаганда, колективно го живеат сонот за живот под закрила на ветената ЕУ, која ќе ги реши сите општествени проблеми. Она што ЕУ го бара од нас е божја заповед, а не проблематика за дискусија. Во јавноста не се одвива никаква дебата за последиците од влез во ЕУ и за реалната потреба од неа. Зборот евроскептизицам е туѓ, застрашувачки и непожелен. Евроинтеграциите се задолжителен приоритет на секоја партиска програма. И додека на запад економската криза од 2008 веќе почна да го поткопува авторитетот на институциите на ЕУ, во зафрлените сиромашни балкански земји, ЕУ сеуште се сервира како единствена алтернатива и единствено решение.

Јавното мислење нашироко шпекулира дека со влез во Унијата ќе порасне животниот стандард, ќе се зајакне процесот на демократизација, ќе се намали корупцијата, ќе се зголемат платите и ќе се зацврсти заштитата на човековите права. Но што навистина значи влезот во ЕУ?




  1. ЕУ и неолиберализмот

Неолиберализам е економско-политичка доктрина која заговара потчинување на сите општествени аспекти на пазарот на труд и на логиката на профитот. Резултатите од неолибералните реформи на глобално ниво во последните 30-40 години се зголемување на нееднаквоста во општеството и трупање на богатството во рацете на капиталистичките елити. Неолибералната политика на светско ниво се спроведува, меѓу другото, и преку институции како Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светска банка и Светската трговска организација (WTO), додека во Европа оваа доктрина се шири преку институциите на ЕУ и продлабочување на европските интеграции.

Спроведувањето на неолибералните мерки се разликува од земја до земја, зависно од нејзините карактеристики, традиција, историја и слично, како и од тоа колкав е отпорот на граѓаните на нивното воведување. Тоа што на пример во Франција или Шведска сеуште постои бесплатно јавно здравствено осигурување, што е во спротивност со неолибералната теорија според која здравството и сите јавни добра би биле приватизирани и достапни според финансиската моќ на поединецот, не значи дека политиката на ЕУ и на француската или шведската влада не е либерална. Тоа само значи дека во доменот здравство неолибералната политика сè уште не успеала, поради граѓанскиот отпор, да ги сруши постигнувањата на социјалните држави, до кои е дојдено пред неолибералната ера.

Неолибералната политика исто така се спроведува според тоа дали им одговара на интересите на елитата, а не од чиста идеолошка занесеност и теоретска доследност. Затоа не е чудно што со децении се зборуваше дека државата никако не смее да интервенира во економијата, за потоа, по избивањето на светската економска криза од 2008, и во ЕУ и надвор од неа, многу приватни банки да бидат санирани од јавните државни средства, со тоа ставајќи ги трошоците и товарот од кризата на грбот на обичните граѓани. Со оглед на тоа дека државната помош им одговараше на многу банки и корпорации на кои им се закануваше пропаст, неолибералната теорија за немешањето на држвата во економијата брзо беше заборавена. Тука јасно се гледа принципот социјализам за богатите – капитализам за сиромашните, приходите се приватизираат и одат во рацете на привилегирано малцинство, а долговите се социјализираат и ги плаќа целото општество.

Во Европа основниот канал низ кој се туркаат неолибералните реформи се институциите на Европската Унија. Неолибералната политика преку институциите на ЕУ се спроведува на различни начини, понекогаш формално и службено, некогаш неслужбено, но ги опфаќа сите сектори на економијата и на општеството во целина. Освен тоа, не е ограничена само на државите-членки на ЕУ, туку и на државите-кандидатки, во кои неолибералната политика во уште построг облик се наметнува како услов за влез.

Основни мерки на неолибералната политика се дерегулација, либерализација и приватизација:

Дерегулација означува општо смалување на работните прописи заради постигање на подобра “претприемачка клима” (што е само фин израз за “угодување на капиталистите”), укинување на прописите и ограничувањата, полесен проток на капиталот итн. Дерегулацијата на големо ја олеснува пазарната манипулација што може да доведе до економска криза како моменталнава, а исто така се користи како средство на смалување на работничките права и потпомагање на корпорациите и екомонските елити во остварување профит на сметка на остатокот од општеството. Воведувањето на вакви мерки стои во основите на ЕУ.

Либерализација означува политика на отварање на границите, укинување на царините и на други ограничувања како што се државните монополи во клучни подрачја и сл. Укинувањето на царината и на други заштитни мерки (кои ги нема во рамки на ЕУ), остава поедини земји на милост и немилост во однос на конкуренцијата во другите земји. Тоа е особено непогодно за малите земји, како што е Македонија, за кои не може да се очекува дека на слободниот пазар рамноправно ќе се натпреваруваат со големите и богати земји. Либерализацијата во ЕУ се користи за остварување на владејачките интереси на посилните западни земји, т.е. да бидеме попрецизни – на нивните корпорации, а на штета на послабите земји. Либерализацијата, пак, на некои сектори во кои претходно државата имала монопол (како што се железницата, пошта, телекомуникации, енергетските потенцијали и сл.), овозможува влез на приватниот сектор – а со тоа и приватен профит – а во пракса често значи влошување и поскапување на услугите, како што кај нас е примерот со продажбата на Електростопанство, по што цената на електричната енергија значително расте со секоја нова сезона. ЕУ ја поттикнува таквата либерализација уште од 1990 година во низа свои директиви.

Приватизација означува претворање на државното/јавно сопствеништво во приватно, како средство за богатење на поединци на сметка на целото општество. Така на пример 80% од банките во Источна Европа, како и во Македонија, се во сопственост на странски западноевропски приватни банки кои од овие земја влечат голем профит.

Неолиберализмот во ЕУ се огледува и во честите мерки кои повикуваат на смалување на платите како мерка за штедење и смалување на работничките права, како полесно отпуштање на работниците, вработување на одредено и сл. Овие мерки одат под еуфемизмот флексибилизација на работата. Неолибералната политика се гледа и во комерцијализацијата присутна во сите општествени сектори во Европа, особено во здравството и образованието, каде на пример се воведуваат такси и се поскапува партиципацијата, што ги прави факултетското образование и здравствената заштита сè помалку пристапни на обичните луѓе. Конечната цел на тоа е целосна приватизација на здравството и на образованието, и достапност до овие добра само за они кои можат да си ги дозволат.

Неолиберална е во ЕУ и монетарната политика која ја спроведува Европската централна банка, која пред сè се занимава со спречување на инфлациите, од кои најмногу се плашат оние кои имаат најмногу пари.

 




  1. ЕУ и демократијата

Ќе имаме ли повеќе демократија кога ќе влеземе во ЕУ? Таквото тврдење е далеку од вистината. ЕУ е уште понедемократска од Македонија или од било која друга “демократска” држава. Единственото тело на ЕУ кое граѓаните го бираат на избори е Европскиот Парламент, кој речиси и нема некои важни овластувања. Имено, во Европска Унија сите важни одлуки ги носи Европската Комисија, која се состои од 27 повереници кои не се бирани од граѓаните, ниту се подложни на нивната волја. Во досегашната пракса Европската Комисија носеше одлуки кои се исклучиво во интерес на крупниот капитал, и постепено форсираше сеопшта приватизација на јавниот сектор, што секако доведе до сè помала социјална заштита на граѓаните (на пример, кратење на работничките права и препуштање на работниците на немилост на големите корпорации). Освен тоа, ако влеземе во ЕУ, голем дел на притисокот што се врши одоздола (јавни кампањи, протести, штрајкови и сл.) и барањата на граѓаните ќе мораат да бидат усмерени, наместо кон македонската влада, кон Брисел, при што ќе биде уште потешко да се изврши притисок врз власта отколку што е сега.

Се разбира, според нас ни Европскиот парламент ни Европската комисија ги немаат основите на вистинска демократија, што важи и за нашата Влада и Собрание, како и за парламентарниот состав воопшто. Единствена вистинска демократија е директната, непосредната, која ја практицираме секојдневно во сопствена организација. Таквата демократија не трпи недопирливи мандати, власт на претставници и одлучување на малцинството во име на мнозинството, туку се одлучува од долу нагоре, а претставниците се сведуваат на административниот апарат кој нема никаква власт или независна волја, туку постои поради практичност, од потреба за организирање поголем број на луѓе од квартот, градот, регионот, националната организација, до, на пример, интернационалната организација.




  1. ЕУ и работничките права

Неизвесна работа е термин кој се користи за да се опише работа која е непостојана, незаштитена, слабо платена, со која не може или едвај може да се одржува домаќинството, и која е често нерегулирана од Законот за работни односи. Најчесто се врзува за поими како што се работа на одредено, привремена работа, повремена работа, студентска работа, работа на имигранти, печалба во странство итн, значи главно за оние ситуации кога работникот е вработен на кратко додека не истече договорот (ако работниот однос е воопшто регулиран со договор  и ако работникот имал среќа да е пријавен), а после тоа мора одново да бара работа.

Неизвесната работа е глобален тренд, веќе присутен во Македонија како последица на различните неолиберални економски прилагодувања кон мерките на ЕУ во текот на преговорите. Политиката на ЕУ заговара неизвесна работа, т.н. флексибилизација на работата, и истото го бара од своите потенцијални пристапнички.

Главните идеи на европската стратегија за вработување може да се најдат во Лисабонската стратегија. Клучните идеи на тој документ се флексибилност и “доживотно учење”, чија поента е приспособување на работникот на пазарот на труд, константни преквалификации, селења и сл. Во ЕУ често се говори за “целосно вработување”, но не се однесува на тоа дека секој работник има обезбедено работно место за до крајот на својот работен век, туку на тоа дека работниците го исполнуваат пазарот на труд со своите квалификации за на работодавците да им е полесно да најдат работна сила.

Флексигурност е службена европска политика на вработување. Самиот поим е кованица од зборовите сигурност и флексибилност, што треба да ја отслика наводната идеја за флексибилни работни места и сигурен премин од едно на друго работно место. Сигурноста би се однесувала на социјални бенефиции за оние кои ќе ја изгубат работата, со што оди и тоа “доживотно учење”, односно преквалифицирање. Номиналната цел на ЕУ не е да го задржи работникот на работа, туку на пазарот на труд, овозможувајќи му лесно да менува професии и да напредува во нив. Но потребно е да се направи разлика меѓу пропагандата и реалноста, бидејќи ЕУ е позната по својата неолиберална пропаганда и социјалдемократски дух. Флексигурноста одлично звучи во теорија, но во пракса се работи за угодување на потребите на работодавците на штета на работниците. Како прво, терминот често се употребува само како замена за другиот термин – флексибилизација, при што се олеснува отпуштање на работниците, но надоместокот за невработеност и помошта при преквалифицирање не се зголемува. Второ, кога се зборува за флексибилност, т.е. за прилагодување во работата, да се прилагодува секогаш мора работникот во корист на работодавецот, а не обратно. Честото менување работни места ги слабее и синдикатите и можноста за колективно преговарање (невработените не се во синдикати), како и самата положба на работникот бидејќи на новото работно место има пониска почетна плата.

Важно е да се напомене дека неизвесната работа не е значајна новина во капиталистичката економија, иако зборовите од типот “флексибилизација”, “доживотно учење” и “мобилност” се од понов датум. Историски гледано, неизвесната работа, како и општата неизвесност на егзистенцијата на работниците и работничките, всушност се составен дел од капиталистичката економија.

Би можеле да утврдиме дека периодот на горе-долу “извесна” или стабилна работа се врзува главно за периодот на т.н. “социјални држави”, а тој период во целокупниот развој на капитализмот беше краткотраен и претставуваше една епизода надвор од вообичаената логика на капитализмот. Исклучително важно е да се напомене дека “социјалната држава” не е створена поради добра волја на политичарите и похуманите капиталисти, туку е одраз на долгогодишна борба на работничкото движење за многу социјални, економски и политички права, како и одраз на организираната сила на работниците во таа борба. Социјалната држава настана поради заканата која организираното работничко движење, како и надежите на милиони луѓе кои го преживејаа хоророт на Втората светска војна, ја претставуваа за политичкиот и екомонски естаблишмент. Но со појавата на неолиберализмот дојде до слабеење на работничкото движење поради што работничките права одново почнаа да се кршат, а неизвесната работа почна да се воспоставува како норма за вработување.



Што ќе биде со земјоделците во ЕУ?

Земјоделството никаде во светот не функционира успешно без државна поддршка. За тоа мошне добро се свесни развиените западни земји кои одвојуваат големи средства од буџетот за субвенција на својот земјоделски сектор (што е спротивно на неолибералната пракса во други области). Истовремено, од малите земји како што е Македонија, се бара смалување или укинување на таквата поддршка преку притисоци од меѓународните институции како што се ЕУ или Светската трговска организација. Истите тие институции бараат и укинување или смалување на царинската заштита, што овозможува продор на земјоделските производи од богатите земји во сиромашните, мали земји, што секако го уништува домашното земјоделско производство во малите земји.

Во Македонија ситуацијата за домашните земјоделци, освен со смалување на царините, т.е. отварање за надворешниот пазар, додатно е отежната и од тоа што ветените субвенции не им се исплаќаат или доцнат, а на нивната лоша положба влијае и тоа што нивните производи ги откупуваат големи приватни компании настанати преку арамиска приватизација. Единствен интерес на тие приватници е нивниот личен профит и за да дојдат до него нема да се колебаат да ги смалуваат откупните цени на производите до ниво на неодрживост на производството, па ни до потполно уништување на македонското земјоделство; имено, земјоделските производи секогаш може и да се увезуваат, без обѕир што домашните земјоделци поради тоа ќе претрпат страшни последици и што тоа нема никаква логика во земја со такви земјоделски потенцијали, каква што е Македонија.

Лошата состојба на македонското земјоделство и фактот дека увезуваме големи количини храна од странство, иако имаме потенцијали да ја произведеме внатре, се директни последици на политиката која доследно се води во последниве 20 години, а која е усмерена само спрема профитот на домашниот и странскиот крупен капитал, а не во корист на земјоделците и целата земја. Со влезот во ЕУ, таквите негативни процеси само би продолжиле, бидејќи нашето земјоделство ќе биде изложено на милост и немилост на индустриите на големите западноевропски земји, со додатни препреки кои ќе ги создаваат европските прописи, кои на нашите земјоделци би им одредувале што смее, а што не смее да се прави и во колкава мера. Македонските земјоделци ќе бидат буквално проголтани при излезот на европскиот пазар.

Сите ние плаќаме даноци, па исто како што се бориме образованието да биде достапно за сите, без обзир на финансиската состојба, а особено затоа што веќе сме платиле за истото преку даноци, еднакво сметаме и дека храната која ни ја овозможуваат земјоделците треба да биде поддржана од јавни средства.




  1. ЕУ и корупцијата

Ќе ја уништи ли ЕУ корупцијата во Македонија? И тоа често се користи како аргумент.

Како прво, ЕУ е против корупција во Македонија и во другите земји-пристапнички, но не поради својот “цивилизациски досег”, “начелна нетолеранција на корупцијата” и слични глупости, туку поради многу прагматични и приземни причини. На земјите во ЕУ не им одговара корупцијата во Македонија бидејќи тоа значи дека на таков начин ним им се одзема дел од пазарниот колач, отежнувајќи им да влечат профит од Македонија и другите земји. Ако корпорациите во ЕУ не можат да влезат во Македонија поради политички врски на домашните капиталисти, тоа е за нив губиток на потенцијален профит. Или, ако треба да ги потплаќаат локалните власти за секој чекор, тоа се за нив додатни трошкови – на кои се спремни ако не може поинаку, но кои е подобро да ги елиминираат. Значи, прашањето за искоренување на корупцијата за ЕУ е најнапред прашање на сопствена корист.

Второ, во самиот аргумент дека за решавање на сопствените проблеми нужно ни е потребна ЕУ се отсликува извесен самопрезир кој се јавува во Македонија, при што сè што доаѓа од нашата “балканска кал”, нужно се смета за помалку вредно од она што доаѓа од “развиениот Запад”. Се работи за една авторасистичка идеја дека ние сме (веројатно генетски?) неспособни сами себе да се управуваме, па потребна ни е помош од “цивилизираниот Запад”.

Како трето, да се тврди дека во ЕУ нема корупција значи да се биде потполно несвесен за реалноста. Корупцијата е во многу сфери еднакво присутна и во ЕУ како и кај нас, само што таму се одвива на поинакви начини и со специфични локални посебности. Доволно е да се истакне финансирањето на некои мафијашки претпријатија преку фондовите на ЕУ, што беше неодамна разоткриено, или на пример однесувањето на финската фабрика за оружје “Patria” во Словенија – аферата со поткупување.

И четврто, корупцијата постои во корените на самиот неолиберален состав кој ЕУ го наметнува, а во чии основи се интересите на капиталот на штета на најголем дел од општеството. Дури и кога сè би се спроведувало по закони и кога не би имало незаконска корупција, тоа не значи дека вистинската корупција, корупцијата на самиот систем, нема да биде сеуште присутна.





  1. ЕУ и човечките права

Дали ЕУ е гаранција дека кај нас веќе нема да има дискриминација и војни?

Поради улогата на “меѓународната заедница” во неодамнешните воени конфликти на Балканот, кај нас сеуште се смета дека ЕУ е пример за високи стандарди во заштитата на малцинските права. Реалноста е малку поинаква. Моменталното ниво на малцинските права во Македонија е нешто за кое малцинствата во повеќето земји на ЕУ можат само да сонуваат. Малку земји воопшто ги признаваат националните малцинства, а ниедна земја не му придава национална посебност на најбројното малцинство – имигрантите, кои во некои земји сочинуваат и до 20% од населението. Напротив, големите земји особено отворено спроведуваат политика на асимилација или протерување. Сите релевантни документи на ЕУ (како што се т.н. Копенхашки критериум или Рамковната конвенција за правата на националните малцинства) доследно избегнуваат да ги регулираат правата на малцинствата, особено во поголемите земји. Политичката сцена во ЕУ, наместо кон заедничка иднина без национални судири, сè повеќе се стреми кон јакнење на ксенофобијата – реторика која сè повеќе политички партии ја преземаат. Освен тоа ЕУ, спротивно на службената политика за “мека сила”, на никаков начин не ги поттикнува своите членки на почитување на меѓународните права во надворешната политика, што дојде до израз при нападот на Ирак. Иако ЕУ службено се залага за “етично работење” во светот, сепак не развива никакви механизми за казнување на европските компании и фабрики кои користат робовски и детски труд. Спротивно на идејата на мултинационалната Европа на луѓе “обединети во различностите”, ЕУ има поразителни резултати во почитувањето на човековите права на не-европските малцинства, било во нивните матични земји, било кај имигрантите во самата Унија.




  1. ЕУ фондови

ЕУ не е добротворна организација и не дели пари на сиромашните поради добрина. ЕУ е организација која делува во интерес на капиталот, пред сè на оној од развиеното западно јадро на ЕУ (Германија, Франција, Велика Британија, Холандија). Освен тоа, ЕУ фондовите не се “делење пари” без никакви услови, како што тоа често се претставува во јавноста. Парите од фондовите можат да се трошат само целесообразно, во склад со правилата на и дозвола од ЕУ, и само за активности кои ЕУ проценила дека одат во прилог на заедничкиот пазар, а не на граѓаните на земјата за која фондот е наменет.

Преговарачки јаките и добро организирани држави успеваат добиените пари да ги употребат како надополнување на веќе испланирани активности. Преговарачки слабите и бирократски неорганизираните држави, како што е Македонија, од старт остануваат без голем дел од предвидените пари, бидејќи не успеваат да напишат доволен број проекти, а и делот кој го добиваат го трошат на непотребни активности (бидејќи повеќето проекти всушност служат за спроведување на Европски закони, бидејќи секој проект се суфинансира, бидејќи им одземаат драгоцено време на вработените, и бидејќи најголем дел од парите оди назад во западните земји на ЕУ преку јавни набаки и консултантски договори). Некои истражувања покажуваат дека парите од фондовите на крај ги доведуваат до минуси некои земји, како Грција или Бугарија.

Некои факти за ЕУ фондовите:

-          ЕУ никогаш не дава пари во целост, туку финансира 50-90% од проектот, додека остатокот мора да го набави примателот на парите од фондот (на пример, државата). Ако државата нема пари, како што е случајот со Македонија, и ако се работи за поголеми влогови, парите кои државата сама мора да ги плати често можат да се набават само преку кредити од банки, т.е. запаѓање во долгови. Банките, пак, во случајот со Македонија и цела источноевропска периферија, се главно во сопственост на странски западни банки. Така банките од јадрото на ЕУ профитираат од ЕУ фондовите дури и кога парите од фондовите одат во сиромашните земји. Парите ЕУ не ги дава однапред, туку дури по завршувањето на проектот, што значи дека задолжувањето и каматите мора да бидат уште поголеми.

-          Парите од ЕУ фондовите не се подарени пари. Секоја земја-членка, а во некои случаи и како пристапничка, мора да уплаќа брдо пари во тие фондови од кои потоа се делат средства. Бугарија на пример, како сиромашна земја, секоја година од влезот во ЕУ повеќе средства даде за фондовите отколку што доби.

-          Голем дел од парите доделени на сиромашните земји преку ЕУ фондовите всушност одат за неразвиените области на богатите земји, а и она што начелно се дава на сиромашните, многу брзо се враќа во западноевропските земји, така што на пример се условуваат со тие пари да купуваат производи и услуги од нивните државно протежирани компании. Така тие средства за “помош” на малите земји всушност служат како субвенции за сопствениците во развиените земји на ЕУ.

-          Од ЕУ фондовите теоретски можат да се повлечат многу средства, но намерно е замислено така што во пракса тоа не се случува.

-          ЕУ преку фондовите им диктира на малите земји со што можат да се бават, а со што не, во што и како да вложуваат итн., на тој начин спроведувајќи надзор врз областите кои не се регулирани со ЕУ закони и кои не можат поинаку да бидат контролирани. Таквиот надзор, се разбира, на крај не е во интерес на општеството или на граѓаните во малите земји, туку на екомонските елити од најмоќните држави во европското јадро.




  1. Има ли АЛТЕРНАТИВА на ЕУ?

Често ни се сервира дека единствената алтернатива на ЕУ е затворање во своите национални граници и изолација, а ретките противници на ЕУ се етикетираат како “назадни”, “примитивци” и “луѓе кои не се спремни на промена”. Целата дебата е поставена во дихотомија – или ЕУ или изолација. Таквата дихотомија е лажна и негира цел еден спектар на алтернативи кој може да се изгради. Затоа треба да се излезе од таа дихотомија и упорно да се нагласува дека историјата и општествениот напредок не се некоја надворешна сила или невидлива рака која нè усмерува нас, луѓето. Историјата и општествениот развиток се дело на човекот како општествен актер, иако вистина е дека не се раѓаме слободни, туку секогаш во веќе даден општествен контекст. Но без оглед на тоа, дури и тој општествен контекст е дело на самите луѓе и на човечкото делување. Во тој смисол, алтернативи има онолку до каде што досегнува човечката имагинација.



Целата светска историја е испишана од такви делувања, но посебно во последнава (2011) година може да посведочиме сè поголемо организирање на европските и светски работници, студенти и невработени, како и нивниот сè поголем отпор спрема светските, европските и домашните елити. Примери има многу, често игнорирани од медиумите, примери на студентски протести, примери на работнички штрајкови против мерките за спас од кризата, и најсвежиот, но и највлијателен пример – движењето “Окупирај”, движење кое ги крена обичните луѓе против натрупувањето богатство на елитите, кое од Волстрит се рашири насекаде низ светот, па стигна и до Балканот. Токму во овие немири, кои почнуваат после долго време повторно да ги заплашуваат како локалните влади, така и меѓународниот политичко-економски естаблишмент, лежи клучот на нашите алтернативи. Алтернатива на ЕУ и изолацијата е интернационална солидарност и борба. Интернационалноста е посебно важна денес, кога капитализмот, повеќе од било кога претходно, навистина е глобален систем.