Изминативе месеци низ градов можат да се забележат графити со логото на крената тупаница која ја користи Слободен Индекс, под кои пишува ОТПОР, а изминатиов период низ факултетите низ Скопје беа растурани флаери со фотографии од протестите кои ги има организирано Слободен Индекс. Логото на фејсбук групата на таа организација која се нарекува „Студентски отпор“
(http://www.facebook.com/pages/%D0%A1%D0%A2%D0%A3%D0%94%D0%95%D0%9D%D0%A2%D0%A1%D0%9A%D0%98-%D0%9E%D0%A2%D0%9F%D0%9E%D0%A0/154791764562272) исто така е идентично со нашето.
Со оглед на тоа што во јавноста можат да настанат забуни за идентификување на оваа група со Слободен Индекс, сакаме да ги известиме студентите дека таа организација ни е непозната и не е никако поврзана со нас. Според нивниот блог (http://studentskiotpor.blogspot.com/) целите им се општи (во однос на студентските права), а ние немаме информации за тоа која е екипата зад иницијативава, иако според скапите флаери што ги растураат, знаеме барем дека не се од наш „калибар“ (самофинансирани).
Флаерите што ги делеа по факултети