Заедничка изјава
за „Глобален бран на акција за образование“
Ова е превод на заедничката изјава за „Глобалниот бран на акција за образование“ која ја формираа студентски активисти од целиот свет. Слободен Индекс ја поддржува оваа изјава.
----------------------------------------------------------------------------------------------
Во последните десет години студенти, ученици, наставници, родители и работници протестираат против зголемување на комерцијализацијата и приватизирањето на јавното образование и се борат за слободно образование достапно за сите.
Годинава ќе видиме како луѓето ја обединуваат таа борба на меѓународно и глобално ниво во „Глобален бран на акција за образование“.
Многу од нас го користат Меѓународното студентско движење [International Student Movement] како самоуправувачка платформа за поттикнување размена на информации, поврзување како и координирање на протести на меѓународно и глобално ниво. Се залагаме за структури засновани на непосредна, директна демократија и нехиерархиски организации преку колективни дискусии и делување. Секој кој се пронаоѓа во борбата против приватизацијата на јавното образование и за слободно образование достапно за секого може да се придружи и да придонесе во обликувањето на платформата!
Некои од нас веќе се запознаа и поврзаа во текот на следните настани: 10 години од Болоњскиот процес во Louvain la Neuve (Белгија) 25ти-30ти април 2009, G8 University Summit во Торино (Италија) 17ти-19ти мај 2009, Bologna Burns во Виена (Австрија) 11ти-14ти март 2010, Bologna keeps on Burning во Мадрид (Шпанија) 8ми-14ти април 2010 и на Европскиот образовен конгрес во Бохум (Германија) 25ти-30ти мај 2010.
Следните цели нè обединуваат во целиот свет:
Против што се бориме?
- Против последиците на моменталниот економски систем врз луѓето и образовните системи:
‒ против школарина [партиципација] и било какви други облици на плаќања кои им оневозможуваат на луѓето пристап и рамноправно учество во образованието
‒ против студентско задолжување
‒ против поставеноста на јавното образование на начин да му служи на пазарот (на трудот)
▪ Целта на таканаречениот Болоњски процес (како и неговите пандани во останатите делови од светот) е имплементација на образовен систем кој првенствено ги обучува луѓето со вештини кои му служат на пазарот на трудот. Со ова се промовира намалување на трошоците за обука на поединци, го намалува времето поминато во учење и создава недоволно квалификувана работна сила.
‒ против претворањето на образованието во бизнис, производ кој се продава (како и сите други аспекти на животот)
‒ против (растечкото) влијание на деловните интереси на основните буџети за образование
‒ против (растечките) намалувања на субвенциите за образование од државните буџети низ целиот свет
‒ против „приватизацијата“ на јавните средства со цел субвенционирање на приватните образовни институции
‒ против комодификација [претворање во стока, производ за продажба] и експлоатацијата на трудот [на студентите како и професорите] во рамките на образовните институции
- Против дискриминација и исклучување во рамките на било кои образовни институции по основ на:
‒ социоекономската состојба (образовните системи моментално се така поставени да луѓето со помалку пари да не можат да учествуваат рамноправно)
‒ националности
‒ успехот на студентите
‒ политички идеологии или активности
‒ род
‒ сексуална ориентација
‒ вера
‒ етничко потекло
‒ боја на кожата
- Против давање на предност на истражувања насочени кон комерцијално вреднувани патенти на штета на отворено знаење слободно и достапно за сите!
‒ На јавните образовни институции расте притисокот да се натпреваруваат за приватни фондови за спроведување на (основни) истражувања; истовремено приватните фондови имаат тенденција да се инвестираат во истражувања кои ветуваат профитабилност (што доведува до намалување на финансирањата во подрачјата на истражувања кои можат да бидат важни [и корисни], но не се сметаат за економски исплатливи). Образовните институции и учесниците се оценуваат како „одлични“ врз основа на тоа колку се профитабилни и така често ги задоволуваат критериумите за добивање додатни јавни финансирања.
- Против давање предност на грантови/донации за профитабилни истражувања за сметка на образовни и основни истражувања
- Против активности на војската внатре во образовните институции
‒ не за истражувања специфицирани за воени намени
‒ не за регрутација и пропагирање на активности за војската
За што се бориме?
‒ слободно образование достапно за сите како основно човеково право: образованието мора првенствено да служи на интересите на единката да биде рамноправна. Тоа значи да може критички да ги согледува и разбира структурите на моќ и околината која го/ја опкружува; образованието мора не само да овозможи рамноправност на поединците, туку и на општеството во целина
‒ образование како јавно добро кое служи на јавните интереси
‒ академска слобода и избор: слобода да се студира било која образовна дисциплина
ПРИСТАП:
‒ слободно од монетарните механизми на плаќање од страна на учесниците [студентите] и од било која врста на дискриминација и исклучување и со тоа слободен пристап за секој поединецСТРУКТУРА:
‒ задоволително финансирање на сите образовни институции, независно од тоа дали се профитабилни или не
‒ сите образовни субјекти/институции траба да бидат демократски структуирани (подеднанво учество одоздола како основа за процесите на донесување на одлуки)
Зошто на локално и глобално ниво?
Влијанието на моменталниот економски систем доведува до конфликти низ целиот свет. Додека вршиме локален притисок за да влијаеме на нашата поединечна локална/регионална политика и законодавство, мораме секогаш да бидеме свесни за глобалната и структурална природа на нашите проблеми и да ги споделуваме нашите тактики, искуства и теоретско знаење како би учеле едни од други. Краткорочните промени можат да се постигнат на локално ниво, но големите промени ќе се случат само ако се обединиме глобално.
Образовните системи во целиот свет го прават она за што се наменети во склоп со економските и државни системи: избираат, обучуваат и ствараат незнаење, игноранција и послушност. Ние се обединуваме за поинаков образовен систем и поинаков живот.
Обединети сме против било какви репресии на властите во целиот свет насочени против луѓето ангажирани во борбата за слободно образование достапно за сите.
Следните групи и поединци ја поддржуваат горенаведената изјава, се обврзале дека ќе ја шират и дека активно ќе се вклучат во „Глобалниот бран на акција за образование“ како и дека во иднина ќе се насочат кон подобрување на вмреженоста помеѓу образовни [студентски] активистички групи во целиот свет.
Ако сакате да ја поддржете оваа изјава со тоа што вашето име или името на вашата група да биде наведено во листата подолу, испратете порака на:
united.for.education[at]gmail.com
~ еден свет - една борба ~
----------------------------------------------------------------------------------------------
Групи кои ја прифаќаат и поддржуваат оваа изјава до сега:
- AktionsBündnis gegen Studiengebühren - ABS (= акција алијанса против партиципација), Германија
- Анархистички Фронт, Р. Македонија
- AStA Marburg (претставничко тело на студентите на Универзитетот Филипс во Марбург), Германија
- Bildungsstreik AG Wetterau, Германија
- Bildungsstreikbündnis Halle, Германија
- Bildungsstreikinitiative "Bildungsoffensive" der KHSB, Берлин, Германија
- Club Conscience Estudiantine, Мароко
- Democracy Village Peoples Assembly, Лондон, Обединето Кралство
- Democratizing Education Network, С.А.Д.
- Demokratische Linke Гисен, Германија
- Demokratische Linke Марбург, Германија
- Direct Action (мрежа на независни студентски сојузи), Украина
- federal plenary meeting of the "Bildungsstreik" (= образовен штрајк) на 8ми август 2010, Германија
- Front de Lutte pour l'Education, Франција
- IMF Resistance Network, С.А.Д.
- Initiative Bildungsstreik Marburg, Германија
- Irie Révolté, музички бенд, Германија
- Jobs with Justice of the Traid, Северна Каролина, С.А.Д.
- Kritische Studenten Utrecht, Холандија
- LandesAStenKonferenz (LAK) Хесен (= претставничко тело на студентите на федералната држава Хесе), Германија
- LandesSchülerInnenVereinigung (LSV) Bayern e.V. (= претставничко тело на учениците од Баварија), Германија
- League of Filipino Students (LFS), Филипини
- Liberty Tree Foundation, С.А.Д.
- Движење за Социјална Правда - ЛЕНКА, Р. Македонија
- n'Solidaritet, Приштина, Косово
- Окупанти на POT81 на техничкиот факултет во Дрезден [presse@pot81.de], Германија
- Occupy Louisiana, С.А.Д.
- PanAfrica Институт, Гамбија
- PEMBEBASAN, Индонезија
- Protestplenum FH Frankfurt (протестно собрание на Универзитетот за Применети Науки во Франкфурт/М), Германија
- SDS Regensburg, Германија
- Слободен Индекс (независно студентско движење), Р. Македонија
- Slobodni Filozofski (Слободен факултет за општествени науки, Загреб) - меѓународен вебсајт, Хрватска
- SprecherInnenrat Universität Regensburg, Германија
- STAND of Queens College, С.А.Д.
- StuPa der katholischen Hochschule für Sozialwesen (= студентски парламент на Католичкиот Универзитет за Применети Науки), Берлин, Германија
- UniBrennt (= uni burning; студентско движење), Австрија
- WarIsACrime.org
- Worldwide Nepalese Students' Organization (WNSO), Непал
- Youth for Community Academic and Development Services (YOCADS), Либерија
----------------------------------------------------------------------------------------------
Индивидуалци кои ја прифаќаат и поддржуваат оваа изјава до сега:
- Agnieszka Dziemianowicz, студент, University of Wrocław, Полска
- Ben Manski, кандидат, Wisconsin State Assembly, С.А.Д.
- Choo Chon Kai, Член на Централниот Комитет на Социјалистичката партија на Малезијa (PSM), Малезија
- David Cobb, 2004 кандидат за претседател на партијата на зелените, С.А.Д.
- David Swanson, автор, Charlottesville, С.А.Д.
- Elricius Niklaus, NonProfitable Individual, Малезија
- Jakob Jakobsen, професор, Funen Art Academy, Данска
- Katja Ertl, студент, University of Regensburg, Германија
- Ketie Saner, LandesSchülerInnenVereinigung Bayern e.V., Германија
- Khaw Seng Hean, University of Science Malaysia, Малезија
- Maja Kohek, Save the University, Koper/Capodistria, Словенија
- Mike Ferner, Veterans for Peace (претседател), С.А.Д.
- Mike Nagler, attac Leipzig, Германија
- Mo Schmidt, AStA (претставничко тело на студентите) Марбург, Германија
- Peter Babnik, студент и професор, University of Koblenz, Германија
- Tan Sze Ming, Universiti Utara Malaysia, Малезија
- Volker Seel, attac Marburg, Германија
- Wes Strong, National October 7th Coalition to Defend Public Education, С.А.Д.
- Will Klatt, организатор на Студенти за демократско општество, на коалицијата за образование на 7ми октомври, С.А.Д.