Се одбележа со мала група на стидент(к)и но сепак во знак на почит на загинатите студенти но на тој начин што повторно со барања за укинување на плаќањето за државната квота. Прво преку медиуми се пренесоа пораки и ставови во дворот на УКИМ, па потоа на плоштад, за да заврши денот со свирка во Кастро.
РЕАКЦИЈА ПРОТИВ ПЛАЌАЊЕТО НА „ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА“ ЧЛЕНАРИНА ЗА СТУДЕНТСКИТЕ ПАРЛАМЕНТИ
Петмина активист(к)и на Слободен индекс на денот на свеченото отварање на академската 2010/2011 година го изразивме револтот преку мирно вадење на транспаренти пред, за време на и после првиот официјален час на бруцошите. Повод и причината беше информирањето на студентите дека не е задолжително плаќањето на членарината за студентските парламенти. За време на часот потпреседетелот на СПУКМ ги зема транспарентите на две девојки од Слободен индекс, а потоа обезбедувањето не' исфрли од салата за време на говорот на претседателот на државата.
СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТ 20.05.2010
Се одржа протест со околу 60 студенти во дворот на факултетите за општествени науки. Барањата во најголем дел беа исти како и на минатите протести. Факултетите исплашени од оваа мала бројка на студенти која предизвика реакции со своето едногодишно делување, чиј резултат е намалувањето на партиципацијата во квотата за кофинансирање, ги цензурираа студентите претходно со кинењето на плакатите, провокации од обезбедувањето на факултетите, но и многу поочигледниот пример со заклучувањето на вратите на студентите за време на протестот, пред телевизиските камери.
Промотивно видео за настанот организиран од Слободен Индекс
Одбележување на интернационалниот ден на студентите 17.11.2009
Денот со одбележа со флеш моб во знак на протест против комерцијализацијата на образованието. Потоа се одржа трибина, а на крајот се проктираа филмови за студентските протести од 68-ма.
Протест за укинување на партиципацијата и подобрување на студентдскииот стандард 20.10.2009
најава за протестот:
еве што се случуваше на протестот:
а еве кои беа реакциите после него:
Протест за укинувањето на партиципацијата на студентите од Велес
Слободен Индекс ги поддржа студентите од Велес, кои се побунија поради воведување на партиципација. Причина поради поддршка: СОЛИДАРНОСТ!
Протест за подобрување на студентскиот стандард 21.05.2009
Се одржа протест за укинување на партиципацијата, за подобри студентски услови, протестот се одржа во дворот на комплексот факултети Економски, Правен, Филозофски, Филолошки, на кој присуствуваа околу 300 студенти.
На Универзитетот е формиран студентски правобранител заради заштита на правата на студентите. Студентскиот правобранител треба да ги штити законските права на студентите и правата утврдени со актите на Универзитетот и на единиците, кога им се повредени од органите на Универзитетот и органите на единиците, како и од лицата вклучени во наставно-образовниот процес и од други лица.