Легендата вели дека некој некогаш за нешто ги прашувал студентите. Денес тоа изгледа како бајка. Студентите на дисфунционалниот Универзитет „Гоце Делчев“ имаат сериозен проблем.
Проблемот се состои во тоа што сè уште трагаат по имагинарни електронски потписи (без кои не можат да заверат семестар) од професорите кои на работа се вратија на 16.01 а испитната сесија ја закажаа од 20.01, а еве денот кога пишувам за овој проблем е 17.01 и сè уште нема соодветни термини.
Од квази инфо центрите на Универзитетот препорачуваат студентите да се “тешат” со тоа што втората декада од испитната сесија започнува во февруари. Јас не познавам студент кој се запишал на факултет за да се теши, а згора на тоа плаќа енормна сума на пари.
Самопрогласените лидери на студентските парламенти сè уште се празнично расположени за да одвојат од скапоценото време за решавање на некој сериозен проблем или повторно планираат организирање на некоја крводарителска акција (“затоа што се решени сите студентски проблеми” па сега ги решаваат и проблемите на другите).
Сè додека од образованието некој страшно профитира и студентите не се разбудат од својот конформизам ќе се јавуваат вакви и слични проблеми.
Анонимен