Timeline




ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА СТУДЕНТИТЕ 17.11.2010


Се одбележа со мала група на стидент(к)и но сепак во знак на почит на загинатите студенти но на тој начин што повторно со барања за укинување на плаќањето за државната квота. Прво преку медиуми се пренесоа пораки и ставови во дворот на УКИМ, па потоа на плоштад, за да заврши денот со свирка во Кастро.

РЕАКЦИЈА ПРОТИВ ПЛАЌАЊЕТО НА „ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА“ ЧЛЕНАРИНА ЗА СТУДЕНТСКИТЕ ПАРЛАМЕНТИ


Петмина активист(к)и на Слободен индекс на денот на свеченото отварање на академската 2010/2011 година го изразивме револтот преку мирно вадење на транспаренти пред, за време на и после првиот официјален час на бруцошите. Повод и причината беше информирањето на студентите дека не е задолжително плаќањето на членарината за студентските парламенти. За време на часот потпреседетелот на СПУКМ ги зема транспарентите на две девојки од Слободен индекс, а потоа обезбедувањето не' исфрли од салата за време на говорот на претседателот на државата.

СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТ 20.05.2010

Се одржа протест со околу 60 студенти во дворот на факултетите за општествени науки. Барањата во најголем дел беа исти како и на минатите протести. Факултетите исплашени од оваа мала бројка на студенти која предизвика реакции со своето едногодишно делување, чиј резултат е намалувањето на партиципацијата во квотата за кофинансирање, ги цензурираа студентите претходно со кинењето на плакатите, провокации од обезбедувањето на факултетите, но и многу поочигледниот пример со заклучувањето на вратите на студентите за време на протестот, пред телевизиските камери.

Слики од протестот:

Protest Protest

Protest Protest

Промотивни видеа за протестот:

 

 

 

Слики од протестот можете да најдете и ОВДЕ.


Tribute to Rage Against the Machine 26.02.2010


Промотивно видео за настанот организиран од Слободен Индекс







Одбележување на интернационалниот ден на студентите 17.11.2009



Денот со одбележа со флеш моб во знак на протест против комерцијализацијата на образованието. Потоа се одржа трибина, а на крајот се проктираа филмови за студентските протести од 68-ма.



Протест за укинување на партиципацијата и подобрување на студентдскииот стандард 20.10.2009



најава за протестот:


еве што се случуваше на протестот:



а еве кои беа реакциите после него:



Протест за укинувањето на партиципацијата на студентите од Велес


  • Слободен Индекс ги поддржа студентите од Велес, кои се побунија поради воведување на партиципација. Причина поради поддршка: СОЛИДАРНОСТ!

Протест за подобрување на студентскиот стандард 21.05.2009


  • Се одржа протест за укинување на партиципацијата, за подобри студентски услови, протестот се одржа во дворот на комплексот факултети Економски, Правен, Филозофски, Филолошки, на кој присуствуваа околу 300 студенти.

1 comment:

  1. Constant in - Cold (Ладна и лизгава)
    ...
    ...
    ...
    In all your thoughts and good suggestions I can see temptations
    You’re applied to be considered under regulations.

    Do you have a party card and say if you’re a member?
    We can make you very sad; we’re playing with your temper.

    I’m the judge his honesty, don’t you ever miss that.
    I decide your destiny, whether you existed.
    ........................................................................................................

    Се што толку добро кажа, пиши го на дланка.
    Поднеси молба со таксена марка,

    па ќе ја разгледаме.
    А дали книшка имаш?
    - Компромати наши дали да ги примаш?

    Зошто јас сум овде судија и јас сум овде газда,
    јас сум твоја судбина - ќе ти пишам празна!
    ................................................................................................................................

    http://www.reverbnation.com/play_now/song_2357676
    http://www.myspace.com/constant.in
    ................................................................................................................................

    ReplyDelete