Калкулус и друга виша (вишок) математика на Фармацевтскиот факултет


Ви пишувам во врска со еден проблем кој постои веќе неколку години на „Фармацевтскиот факултет“ во Скопје.
Имено, се работи за додавање на предмети за кои сметам дека претставуваат само дополнително мачење за студентите и воедно предмети кои го прават факултетот да биде потежок, т.е. непотребни предмети. 

Ви пишувам поради тоа што после неколку состаноци со студентскиот парламент, студентскиот правобранител ние не успеавме да направиме ништо како студенти, па дури добивме и закани доколку повторно пробаме нешто. 
Накратко да потенцирам, од нашиот факултет не знаат што учиме ние по предметите математика и применета статистика. Бидејќи во средно образование - фармацевти, не постои предмет математика во 3 и 4 година, надлежните знаат дека тоа ќе е проблем за студентите поради тоа што тие неколку пати би го презапишувале предметот и со тоа би се задржале повеќе, а воедно и повеќе би плаќале. 

Исто така, само на нашиот факултет, од сите факултети се поништуваат 2 сесии за полагање (со што е прекршено правото на студентот), т.е. предметите се „влечат“ од 1 во 2 семестар.
Имено, математика слушаме во првиот семестар, и доколку ние не го положиме предметот во јануарска испитна сесија, автоматски не смееме да полагаме статистика во 2 семестар, се додека во некоја од наредните испитни сесии не го положиме математика. 

На темата „Математика“ сакам само да додадам дека тоа не е „Математика за фармацевти“ како што на повеќе факултети во Европа се изучува, ние учиме интеграли, графици и останати работи кои не ни се потребни за понатамошното образование.


Додека ние фармацевтите овде се мачиме во непотребни предмети, фармацевтските факултети во Европа со изучување на конкретните предмети стигнуваат далеку пред нас. Ве молам да го разгледате маилот и да пробате да ги задржите инжинерите во оваа држава, со понапредно образование.


Во прилог испраќам листа на предмети кои се изучуваат на фармацевтскиот факултет, табела со условни предмети и предмети што се изучуваат на фармацевтскиот факултет во Сиднеј.

Услови на фармацевтскиот факултет при УКИМ:
1 и 2 семестар;

Предмети на факултетот:
1-6 семестар;

Услови на фармацевтскиот факултет во Сиднеј:

Извор на податоци: 

Анонимен

3 comments:

  1. Жалбата, според мене, е легитимна во однос на 2 точки:
    -Нема математика во 3та и 4та година
    -Скратено е правото на полагање статистика (во случај да не е доволен потпис)

    Дискутабилно е тоа какви се задачите на испитите по предметот математика, односно дали се даваат примери во кои што навистина може да се воочи примената (на пример, за да ја пресметаш плоштината на кругот, потребни се интегралите, формулата r^2 pi произлегува од нив).

    Математиката како предмет на факултетите за фармација ја има во Европа, на пример јас можам со сигурност да ти гарантирам за Франција (а како што видов, ја има и во Швајцарија).

    Калкулусот (или на нашки, математичка анализа) започнува со низи и лимеси, како апстрактен поим за бесконечно доближување кон определена точка на правата.

    Потоа доаѓа изводот, кој ни кажува кога една функција е растечка, опаѓачка или пак можно е да има локален минимум/максимум (пример: сакаш да конструираш квадар кој ќе зафаќа 100мл така што да има најмала можна плоштина, за да заштедиш материјал)

    Како врв на сето ова е интегралот (или анти-извод) со кој што можеш да пресметаш должина на некоја крива, плоштината под кривата kое не само што се користи во физиката, туку има и огромна примена во статистиката.

    Графикот на функцијата е само цртеж според кој полесно можеш да увидиш однесување на определена функција (тоа може да биде и функција од број на бактерии во определено време)

    За илустрација, еве како изгледа приемен испит за влез на мастер (магистерски) студии (види го проблемот 5):
    http://www.ens.fr/IMG/file/concours/2013/SIS%202013/SujetBioCell%202013%20principale%20En.pdf


    P.S. Линкот од Сиднеј е за мастер студии, не за додипломски.

    ReplyDelete
    Replies
    1. А како што видов на сајтот на средно медицинско, има математика како изборен предмет.

      Delete
    2. Да, Марко. И јас мислам дека треба да се учи математика и дека е многу добро секој да ја знае и добро да ја разбира. Ама ако студентите на некој факултет сметаат дека математиката не им треба (барем не во толку детали), а притоа професорите во образованието кое го поминале ги осакатиле (не им ја предале материјата како што треба), а уште повеќе ако не учеле математика во средно, а професорите кои моментално предаваат ја предаваат на превисоко ниво, тогаш треба факултетот да биде отворен за нив и нивното образложение зошто не треба да учат математика, или не толку обемно да ја учат.

      Очигледно, во ситуацијава не е така. Тоа е и проблемот, а и затоа авторот на текстов го пратил ова писмо.

      Delete