Независното студентско движење „Слободен Индекс“ кое делува во
рамките на државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,
ја испраќа својата безрезервна поддршка до бугарските студенти кои се
борат против високите школарини на факултетите и ги охрабрува да излезат
во што поголем број за да се изборат за достапно и слободно образование
за сите.
„Слободен Индекс“ е движење кое се бори против комерцијализацијата на
универзитетите, против болоњскиот процес и против хиерархиските
парламентарни студентски структури и како дел од мрежата на сродни
студентски движења "Балкан студент", се залагаме за солидарност помеѓу
сите студентски движења и иницијативи за слободно и достапно
образование.
Земјите од Балканот се соочуваат со слични услови на угнетеност преку агресивните неолиберални
реформи во сите општествени слоеви, а особено во образовниот, па затоа сметаме
дека е неопходно сите балкански студенти да се обединат, солидарно да
делуваат и меѓусебно да се поддржуваат.
Обазованието не е бизнис!
Еден Балкан - една борба!
Другарски поздрав
“Слободен Индекс”
No comments:
Post a Comment