За време на 5. и 6. 11. 2011 во Белград, е одржан вториот балкански студентски состанок на кој присуствуваа групите: Слободен Индекс (Скопје, Македонија), Студентски глас (Софија, Бугарија), n’Solidaritet (Приштина, Косово), Синдикат Образовања АСИ (Белград, Србија), Независна студентска иницијатива Факултета музичке уметности (Белград, Србија) и две нови групи – Јединствена организација за социјализам и демократију (локална група од Сараево, БиХ), И Аутономни студенти (Ријека, Хрватска).
„Балкан Студент“ е мрежа на слободарски студентски групи кои се борат за укинување на Болоњскиот процес и негова замена со еманципаторско образование втемелено на прогресивни и рационални идеи, критичко мислење, укинување на преставничките студентски тела (на сите нивоа) и нивна замена со директно-демократско самоорганизирање на студентите, за остварување на бесплатно образование (потполно јавно финасирано високо образование), со зголемување на јавните трошоците за образование, понатаму за остварување на целосна политичка автономија на Универзитетот, без мешање на државата и трудовиот пазар.
На состанокот во Белград, мрежата исто така се солидаризираше со студентските блокади на Филолошки и Филозофски Факултет во Белград, и методите и целите, јасно осудувајќи го насилството од страна на управата на факултетот, осудувајќи го кршењето на автономијата на Универзитетот, со носењето на „полиција во цивилка“, ангажирање на обезбедување и секако осудувајќи ги нападите на неонацистичките групи.
„Балкан Студент“ е исто така дел од движењето „International Student Movement“ (Меѓународно студентско движење). Млади луѓе од целиот свет се здружени во борбата против комерцијализацијата на образованието и образование за потребите на трудовиот пазар. Солидарноста и заемната помош сметаме дека треба да станат главни вредности во студентските движења, како на балканско така и на светско ниво наспроти конкуренцијата која ја наметнува Болоњскиот процес и комерцијализацијата на образованието.
Преку споредбено анализирање на високо образовните системи во нашите земји дојдовме до заклучок дека постојат многу заеднички карактеристики. За почеток, во сите балкански земји постои изразена тенденција за зголемување на школарината и административните давачки. Државата од година во година го намалува буџетското давање за образованието со константно намалување на сите стандарди и квалитетот на образованието. Препуштени на пазарот на трудот, помалку бараните факултети живуркаат на ивицата на егзистенција, додека факултетите чии производи се барани на пазарот на трудот и образованието, заработуваат огромни суми на пари и се фаворизирани од страна на државата. За студентите е речиси невозможно да се самоорганизираат затоа што официјалните студентски преставнички тела, кои се во служба за манипулирање и контролирање на студентското незадоволство, држат монопол во студентското организирање. Ова не ја обесхрабрува нашата мрежа баш напротив ние растеме! Мрежата се шири, нови групи се приклучуваат, нашата сила расте.
Следниот состанок ќе се одржи во Сараево, во март 2012, во организација на Јединствене организације за социјализам и демократије из Босне и Херцеговине.
Еден Балкан-Една борба!
Ноември,2011
No comments:
Post a Comment