Соопштение за јавноста по повод Балканската студентска средба

Минатиот викенд (16ти и 17ти април 2011) градот Скопје беше домаќин на состанокот во кој беа вклучени студенти од различни универзитети од целиот Балкан. Одговарајќи на повикот на Слободен Индекс (домаќини на оваа средба) активисти од различни групи, вклучувајќи "Синдикат за образование при АСИ (Анархо-Синдикалистичка Иницијатива)" (Белград), "Студентски Глас" (Софија), "n'Solidaritet (Солидарност)" (Приштина) и "Независна Студентска Иницијатива" (Белград) се состанаа за да разговараат за проблемите со кои се соочуваат студентите во нивните земји.

Високото образование, една од најголемите жртви во процесот на агресивна имплементација на нео-либералистичките трендови на Балканот, се урна поради реформите со кои "Знаењето и образованието се дистрибуира [продава] како и секој друг производ".


Балканскиот состанок на Интернационалното студентско движење е средба меѓу балканските студентски движења кои се борат за слободно и еманципаторско образование кое е загрозено од страна на Болоњскиот процес, нарушувајќи ја автономијата на Универзитетот од страна на државата и економските сили, како и високи трошоци, меѓу другото. Ова е прв сериозен обид за координација меѓу групите, што значи координација на активности, размена на информации и најважно работа според иста идеологија на целосна меѓусебна солидарност. Важна цел на средбата беше да се создаде унифицирана платформа која сите поединци и групи кои се идентификуваат со неа, можат да се придружи во заедничката борба.

"Balkan Student" (официјално име на мрежата од сега па натаму) ги гледа денешните универзитети како обични "фабрики" за производство на ефтина техничка работна сила без знаење и способност за критичко размислување. Идните активности на мрежата ќе се насочени кон борба против овие појави и ќе ја пропагира идејата за јавно финансиран и самостоен слободен универзитет, кој е ослободен од било какви политички и економски влијанија, со студентите и професорите организирани врз принципите на директна демократија.

Првата балканска студентска средба се одржа од 16ти до 18ти април 2011 и таа требаше да заврши со трибина на тема „студентско само-организирање“ на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј "во Скопје. Студентската мрежа најави наредна средба во Белград на почетокот од следната академска година и договори одредени акции кои следат наскоро.

Најнови вести (18/04/2011):
Во 12:00 часот по локално време, група на активисти од гореспомнатите групи се подготвуваа да почнат со јавната дискусија на тема „студентско само-организирање“ во холот на Филозофскиот Факултет при УКИМ, бидејќи деканатот на Филозофскиот и Филолошкиот факултет не им дозволи да ја одржат трибината во некоја од предавалните/амфитеатрите. Бидејќи имаше значително медиумско присуство тие одржаа кратка прес конференција и продолжија кон холот на факултетот. Невообичената јавна дискусија продолжи без многу еуфорија и со бавен, но стабилен пораст на публиката. Околу 12:50 часот двајца припадници на обезбедувањето, најмени од страна на Универзитетот, се обидоа да го спречат собирот и беа агресивни кон некои од активистите. Во одреден момент состојбата изгледаше како да ќе ескалира во нешто поголемо кога обезбедувањето се обиде да го одземе мегафонот кој го користеше еден активист, но не беа во можност да го сторат тоа благодарение на живиот ѕид кој се создаде околу активистот со цел да го заштити (важно е да се спомене дека кон живиот ѕид се приклучија и некои од студентите од публиката кои не беа дел од активистите организатори на дискусијата). Револтираните студенти побараа лично да се сретнат со Деканот но бидејќи тој не бил присутен во тоа време, Продеканот за настава дојде наместо него. По краток разговор со Продеканот, активистите се согласија да го напуштат холот бидејќи програмата за јавната дискусија беше исцрпена. Групата тивко се расчисти. Некои од активистите беа следени од обезбедувањето се` додека не го напуштија дворот на Универзитетот.

No comments:

Post a Comment