Изјава од Вториот состанок на БАЛКАН-СТУДЕНТ
Интернационален ден на студентите
студентите да го искажат своето незадоволство од владеењето на комунистичката партија. Иако започнал како мирен комеморативен настан, со доаѓањето на ноќта се претворил во насилен. Многумина меѓу 15.000 учесници на протестот биле брутално тепани од полицијата, “црвените баретки“ и други спроведувачи на законот. Гласината дека загинал другар поради полицска бруталност понатаму предизвикала настани кои тајната полиција не ги предвидела. Кадифената револуција се смета за еден од клучните моменти кои довеле до пад на комунистичкиот режим во Чешка.
Блокиран Филолошкиот факултет во Белград
Соопштение за јавноста од пленумот на студентите на Филолошкиот Факултет
Министерството за образование [на р. Србија] во петокот на 14.10.2011 одби да ги исполни барањата на студентскиот протест, притоа образложувајќи дека ние немаме никаков легитимитет и дека можат да прифатат преговори единствено со Студентската конференција на универзитетите од Србија (СКОНУС), а која беше прва што нѐ доведе до моменталната ситуација.
Оставени без одговор и други методи на борба, студентите на пленумот после протестот кој се одржа во петокот на 14.10.2011 одлучија дека блокадата на факултетот е единствен можен и ефикасен метод на борба кој го преземаме. Филолошкиот факултет од денес е под блокада, цела настава се одлага на неодредено време, и зградата на факултетот се наоѓа под контрола на студентите. Покрај наставата, сите останати активности ќе се одвиваат како и до сега. За време на блокадата ќе се организираат и алтернативни настани и едукативни активности организирани од страна на самите студенти.
Со ова се обидуваме да посочиме на понижувачките тешки и неподносливи услови во кои денес се наоѓа студентската популација, а кои произведуваат драстични последици на самиот живот на студентите, семејствата кои ги издржуваат студентите, па со самите тие и на целото општество. Студирањето станува недостапно за сѐ поголем број на луѓе, финансиски и општествен товар кој студентите сами го носат на својот грб практично станува невозможно да се поднесе. Сметки, стан, храна, книги, школарина се некои од многуте проблеми со кои студентите денес сами се борат бидувајќи приморани да паралелно со студиите бараат вработување кое не им е загарантирано дури ни по завршувањето на студиите. Тргнавме по пат кој има за цел да ја промени оваа ситуација по секоја цена.
Блокадата која ние ја спроведуваме не е напад, туку самата одбрана на образованието. Сето она што денес го правиме може да се види само како најпрогресивно движење во денешното општество, движење кое е самоорганизирано врз демократски принципи и без било какви претставници и студентски организации кои со години го поддржуваат правецот во кој образованието се насочило. Ние денес застануваме во одбрана на автономијата на студентите, во одбрана на демократијата и во одбрана на образованието кое мора да биде достапно за секого. Ова не е ограничена студентска борба, ова е општествена борба и борба за послободно и поправедно општество. Затоа, ние сме подготвени да се поврземе со секоја самоорганизирана општествена борба која ги дели нашите ставови и ги повикуваме сите кои тоа го сакаат и можат да нѝ се придружат во студентската борба и блокадите на факултетите кои се во тек и кои претстојат. Исто така, ги повикуваме сите колешки и колеги во текот на блокадата да го окупираат својот факултет и да ги искористат неговите ресурси и капацитети во активности кои ќе бидат од едукативна, работна и понатамошна организациона природа. Со блокада го отвораме универзитетот, на крајот на краиштата таа за нас претставува фестивал на светлоста и звукот кој може да нѐ врати во живот. Ќе го ослободиме универзитетот и ќе го одржиме слободен!
Знаењето не е роба! Сите на блокада!
Пленум на студетките и студентите на Филолошкиот факултет во Белград
17.10.2011
Plenum studenata i studentkinja Filološkog fakulteta
http://plenumfiloloskog.blogspot.com
http://twitter.com/filoloski_fak
Реакција по повод кривичната пријава од страна на полицијата противстудентката С.Б.
Писмо за поддршка на студентските протести во Србија и Кампањата забесплатно образование
Студентска пролет 2011 - Изрази се!
СТУДЕНТСКА ПРОЛЕТ
НА УЛИЦА НАМЕСТО ВО СТУДЕНТСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР
изложба на фотографии – графики – цртежи – ракотворби – театарска претстава – музика – уметнички перформанси – поетско читање
Соопштение за јавноста по повод Балканската студентска средба
Отворена дискусија
Соопштение за измените во Законот за високо образование
Соопштение до јавноста во врска со предлог-измените
на Законот за високо образование
Независното студентско движење - Слободен Индекс смета дека предложените измени на Законот за високо образование кои ги најави МОН нема да доведат до реално подобрување на квалитетот на високото образование и застанува зад ставот на професорите кои не се сложуваат со истите. С.И. смета дека иако на високото образование во земјава му се потребни реформи од корен, ваквите измени не само што не се применливи и што го повредуваат интегритетот на професорите, туку и ќе имаат крајно негативни последици врз самите студенти. С.И. стои зад ставот дека за вистински да се подигне квалитетот на образованието, измените мора да доаѓаат одоздола, односно да бидат креирани и усогласени од студентите и професорите заедно, бидејќи само така би биле применливи и би кореспондирале со моменталните услови.
~ Еден свет - една борба ~
~ Образованието НЕ Е за продажба! ~
Независно студентско движење - Слободен Индекс