Реакција по повод кривичната пријава од страна на полицијата противстудентката С.Б.
Писмо за поддршка на студентските протести во Србија и Кампањата забесплатно образование
Студентска пролет 2011 - Изрази се!
СТУДЕНТСКА ПРОЛЕТ
НА УЛИЦА НАМЕСТО ВО СТУДЕНТСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР
изложба на фотографии – графики – цртежи – ракотворби – театарска претстава – музика – уметнички перформанси – поетско читање
Соопштение за јавноста по повод Балканската студентска средба
Отворена дискусија
Соопштение за измените во Законот за високо образование
Соопштение до јавноста во врска со предлог-измените
на Законот за високо образование
Независното студентско движење - Слободен Индекс смета дека предложените измени на Законот за високо образование кои ги најави МОН нема да доведат до реално подобрување на квалитетот на високото образование и застанува зад ставот на професорите кои не се сложуваат со истите. С.И. смета дека иако на високото образование во земјава му се потребни реформи од корен, ваквите измени не само што не се применливи и што го повредуваат интегритетот на професорите, туку и ќе имаат крајно негативни последици врз самите студенти. С.И. стои зад ставот дека за вистински да се подигне квалитетот на образованието, измените мора да доаѓаат одоздола, односно да бидат креирани и усогласени од студентите и професорите заедно, бидејќи само така би биле применливи и би кореспондирале со моменталните услови.
~ Еден свет - една борба ~
~ Образованието НЕ Е за продажба! ~
Независно студентско движење - Слободен Индекс
ТРИБИНА на тема „Можноста за бесплатно високо образование“
Интернационален ден на студентите (акции)
Реакција по повод скандалозната цензура во Универзитетското радиоСтудент FM 92.9
- Неизвршување на обврските како новинар и уредник;
- Одбивање да се придржува до новинарската етика;
- Не ги познава и не ги почитува принципите на работа на радиото како медиум;
- Универзитетското радио би требало да биде медиум каде што студентите по новинарство треба да ги научат и практикуваат принципите на објективното новинарство, а уредникот треба да се погрижи студентите по новинарство да го почитуваат тоа во нивната работа во Универзитетското радио;
- Ако не можете да продуцирате емисија која ги почитува новинарските стандарди, тогаш не можете да бидете уредник кој ќе ги учи студентите по новинарство како треба да работат и да ги почитувааат новинарските стандарди.
Контакт: <телефон>
Скопје, 15.10.2010
Даниела Блажевска
- Ако за „извршување на обврските како новинар и уредник“ се смета понизното коленичење пред и стравопочитта кон квази-авторитетот на Главниот уредник, тогаш да – тој е виновен за неизвршување на своите обврски.
- Ако под „новинарска етика“ подразбирате поткопување на интелектот на новинарите, забрана на објективниот став, забрана на слободно искажување личен став, пропагирање на „мејнстрим“ државни политики и забрана за критика на институциите и системот - тогаш точно, тој со сигурност не се придржува кон таквата гнила етика.
- Во поглед на „непознавањето на принципите на работа на радиот како медиум“, кои му ги ставате на товар, се чини поумесно истите овие критики да дојдеа од посоодветна личност а не од Вас - која досега, како новинар во пракса, немате поминато ниту еден работен ден во радио туку во телевизија (што е сосем различен концепт на работа и делување).
- Дозволете да Ве потсетиме дека улогата на Универзитетското радио како „медиум за пракса на студентите по новинарство“ е само второстепена - неговата првична намена е да претставува гласило на сите студенти (а не само на журналисти), каде тие ќе ја имаат слободата да го искажат својот став во однос на проблематиките во образованиот процес, па дури и кога тоа подразбира да се критикува моменталниот образовен систем кој, за волја на вистината, е далеку од идеален.
Независно студентско движење „Слободен индекс“
Отворено писмо за поддршка на Слободен Индекс од српските студенти
-->> симни го писмото во .pdf формат <<--
Универзитет уметности у Београду
Факултет музичке уметности
Студентски парламент
Отворено писмо подршке студентској иницијативи
Слободен индекс
Студентски парламент Факултета музичке уметности у Београду пружа пуну подршку студентској иницијативи Слободен индекс из Скопља у борби против решења насталих као продукт самовољнe управe званичних студентских представника СПУКМ-а, који доносе одлуке по принципу индиректне демократије.
1. Сматрамо да студенти имају право на самостално и независно окупљање мимо званичних студентских организација као што је студентски парламент.
2. Сваки студент мора имати могућност да својевољно одабере да ли хоће или неће платити чланарину за студентски парламент. Поставља се питање каква је то чланарина када студенти који ту чланарину уплате не постају чланови студентског парламента и још битније, како би неко и могао уопште да постане члан студентског парламента пуким уплаћивањем чланарине када се за студентски парламент организују избори. Сматрамо да је то дискриминација свих студената који, поред плаћања школарине и трошкова свакодневног живота, немају средстава или не желе платити чланарину која нема реалног економског основа. Студент као појединац не представља трошак за студентски парламент, парламент због њега нема расходе, па се самим тим поставља питање за шта је тај новац намењен.
3. Студенти Скопског универзитета не смеју бити условљавани уписом године ако не плате чланарину, јер било каква чланарина би подразумевала чланство које је добровољно, и као такво не може представљати услов за упис школске године. Све што би представљало услов за упис године морало би бити увршћено у цену школарине. Поставља се и питање да ли је ово већ увршћено у цену школарине, што доводи до сумње да се једна услуга плаћа два пута.
У име студентског парламента Факултета музичке уметности у Београду,
председник студентског парламента,
Бранислав Стеванић